Еден загинат и 27 повредени во сообраќајки викендов во Скопје
Едно лице загинало, а седум биле потешко повредени во шест од вкупно 38 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 15 незгоди со полесни повреди се здобиле 20 лица, а во 16 била причинета само материјална штета.
Од МВР информираат дека во изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои 95 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач што не дал првенство на минување и тројца за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени 31 лице, од кои 10 возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и 20 возачи со истечена важност на сообраќајната дозвола, како и 21 лице што возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 169 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 152 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Стив Наумов“.г
Ново на Сител
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин