Македонија
30. October 2020 - 15:23

Едногодишно дете од Неготино однесе во изолација седум деца и тројца вработени во градинка

Едногодишно дете од Неготино е позитивно на Ковид-19, а во изолација се седум деца и тројца вработени во градинка, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 случаи со коронавирус во Кавадарци, девет во Неготино и еден во Росоман. Најстариот заболен има 73 години. Две лица на возраст од 21 и 63 години се хоспитализирани.