Едукативни флаери за земјоделците да внимаваат кога горат отпад на нивите
Едукативни флаери за земјоделците, за да внимаваат кога горат отпад на нивите, беа поделени денеска во Кавадарци, од страна на одделот за превенција при ОВР.
-Превентивната акција беше реализирана во месноста „Краиште“. Таму беше разговарано со земјоделци, беа поделени флаери за превенција од пожари на отворен простор. Сето тоа, со оглед на поволните временски услови и високи температури кои овозможија земјоделците да излезат на лозовите насади и да отпочнат со обрежување и кроење на виновата лоза, собирање и горење на отпад и суви прачки, палење на меѓи и стрништа, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Тој нагласи дека токму во овој период минатата година, Тиквешијата беше зафатена од голем број на пожари, па затоа е и овој апел и предупредување на земјоделците.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец