Loading Video...
Свет
5. March 2021 - 16:30

ЕК да го преиспита ветото од Италија за антиковид вакцини за Австралија

Италија е првата земја на ЕУ што ја искористи можноста да спречи извоз на антиковид вакцини надвор од Унијата бидејќи компанијата што ги дава вакцините не ги исполнува своите обврски кон Брисел. Блокадата се однесува за 250.000 АстраЗенека вакцини произведени во погон во Италија а наменети за Австралија. Процесот на вакцинација во Австралија не е загрозен со ова вето истакна премеирот Морисон но Европската комисија според него треба да ја преиспита италијанската одлука. Морисон вели дека ја разбира нервозата во Унијата бидејќи имунизацијата доцни. ЕУ е конкретно лута на АстраЗенека затоа што доставува многу помалку дози во блокот отколку што вети.

Молдавија е првата европска земја што доби антиквоид вакцини од Ковакс механизмот. Првата пратка брои 14.000 дози. Во Молдавија имунизацијата почна пред три дена со вакцини на АстраЗенека, подарок од Романија. Механизмот на ОН има за цел да спречи посиромшаните земји да не останат без антиковид вакцини. Преку Ковакс вакцини ќе добие и нашата земја.  

Ирачаните се едно семејство на муслимани, Евреи и христијани истакна папата Франциск во Багдад. За време на тридневната посета на Ирак  папата  ќе се обиде  да ја смири поделената христијанска заедница и да го зајакне меѓурелигискиот дијалог, во чии рамки ќе се состане со најпочитуваниот  шиитски муслимански свештеник. Поглаварот на римокатоличката црква ќе  одржи и миса на стадионот во Ирбил.