ЕК издвои дополнителни хуманитарни средства за борбата против коронавирусот
Европската Комисија издвои уште 50 милиони евра за хуманитарна помош во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Овие средства ќе одат приоритетно за Централноафриканската република, Сахел, источна Африка, Сирија, Јемен, палестинските власти, Венецуела како и заедницата на Рохинџите, односно за најранливите лица во овие делови од светот, кои се и најпогодени од кризата.
Дополнителните средства доаѓаат откако повеќе хуманитарни организации и Обединетите Нации повикаа за повеќе солидарност со најсиромашните региони и земји.
-Пандемијата на коронавирусот предизвикува хуманитарна криза од огромни размери во најкревките земји во светот. Таа ја загрозува прехранбената безбедност во земји кои имаа слаби здравствени системи и пред почетокот на оваа нова криза. Мораме од сега да преземеме мерки за да не оставиме ниту еден дел од светот без заштита, ова е наш заеднички интерес, изјави Јанес Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.
Средствата се наменети, меѓу другото, за здравствените работници и набавување заштитни опреми, а ќе бидат распределени преку агенции на Обединетите Нации и Црвениот Крст.
Европската Унија до сега има издвоено околу дваесет милијарди евра за помош на трети земји во справувањето со санитарната криза.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија