Балкан
31. August 2017 - 13:28

Екатерина Захариева во посета на Црна Гора

Вицепремиерката и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ја почна дводневната работна посета на Црна Гора, јави бугарската новинска агенција БТА.

Таа прво се сретна со својот црногорски колега Срѓан Дармановиќ, а за подоцна е предвидено Захариева да отпатува за Будва каде ќе има работна вечера со вицепремиерот на Црна Гора и министер за правда Зоран Пажин.

Шефицата на бугарската дипломатија утре во Подгорица ќе има средби со минисерот за европски прашања Александар Пејовиќ со премиерот Душко Маровиќ и со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

Посетата на Црна Гора е продолжение на балканската турнеја на Захарова, која за помалку од еден месец ги посети Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Како и во другите балкански држави Захариева ќе ги информира црногорските власти за приоритетите  на претстојното претстедателствување на Бугарија со Советот на Европска унија. 

Црна Гора преговорите за членство во ЕУ ги почна во 2012 година и до сега има затворено три од вкупно 35 поглавја. Се очекува до крајот на годината Црна Гора да отвори уште две нови поглавја.

На петти јуни годинава Црна Гора стана членка на НАТО. 

Економската соработка меѓу Бугарија и Црна Гора не е на високо ниво пред се поради недостиг на добра инфраструктура. Во 2016 година трговската размена изнесувала 15,91 милиони евра што е пад за 18,4 проценти во споредба со 2015 година. Бугарија минатата година извезла стоки и услуги во Црна Гора во висина од 14,1 милиони евра, што е пад за 15,5 отсто на годишно ниво. Додека Црна Гора извезла стоки и услуги за 0,92 милиони евра што е намалување за 48 проценти во споредба со 2015 година.

Позитивен тренд постои во туристичкиот сектор, минатата година пет илјади Бугари ја посетиле Црна Гора што е за десет пати повеќе во споредба со 2015 година.