Екипи на ДПИ на терен, мониторинг на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“
Екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се на терен и вршат мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“. Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.
Како што информира ДПИ, целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата „Новогодишна кошница“, трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.
Листата на прехранбените производи кои се дел од „Новогодишната кошница“ граѓаните може да ја најдат на веб-страната www.mojakosnica.mk. Станува збор за над 700 производи, понудени од вкупно над 100 компании и производители и дистрибутери. Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата која ќе придонесе за значително зголемување на животниот стандард на граѓаните и намалување на трошоците за живот.
Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува од 15 декември заклучно со 15 јануари 2025 година. Во овој период, како што најавуваат, Пазарниот инспекторат ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности.
-Дополнително, граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на нашата веб страна www.dpi.gov.mk, се вели во соопштението од ДПИ
Ново на Сител
-
Дончиќ повторно се повреди
-
Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката
-
Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“
-
Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период
-
Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа
-
Холандскиот крал до локалните муслимани и евреи: Да не внесуваме омраза на нашите улици
-
Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие