Еклатантни примери за кршење на работнички права во 21 век во Македонија
„Пред година и нешто паднав на работно место. Паѓањето беше од застарена опрема на работа и повредата ми беше многу тешка, скршеница на десна рака. Дојде до големи компликации на раката, мускулатурата ми беше оштетена. После една година повторно се оперирав на раката. Побарав промена на работно место, бидејчи добив документ и од Комисијата, но тие сега од моето работно место што претхнодно го имав ме преместија на уште потешко работно место“, вели една жена, работничка во текстилниот сектор, во Прилеп, која сака да остане анонимна, поради страв од губење на работното место.
Ова сведоштво на работничка од Прилеп, вработена во текстилен сектор е само еден од примерите во Македонија каде и во 21 век се кршат работничките права без никој да реагира. Од инспекторатот сега наместо да ја заштитат и рекле дека повредата била нејзина вина од невнимание. Поради страв од губење на работното место таа не сакаше јавно да зборува. Оваа работничка се уште оди на лекување.
Поради ваквите и други случаи на кршење на работничките права кај нас како да сме робовладетелско општество во тек е реализација на проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – СОЦИЈАЛНО УЧЕСТВО И ЗАЈАКНУВАЊЕ“.
„Во 21 век ние се уште зборуваме за скулување на договор за вработување, кој што работничките го потпишуваат, меѓутоа истиот го немаат кај нив. Истите не знаат дали се вработени со догор на определено, дали со договор на неопределено време, на цело или пола работно време. Работничките се ангажирани за вработување на едно работно место, но потоа со усна наредба се распределуваат на друго место. Иако работеле повеќе од 40 часа во текот на една недела не им се исплаќа прекувремената работа. А исто така не се почитува ниту паузата од 30 минути која што треба да ја имаат за време еден работен ден“, истакна Талија Петреска, правен советник во проектот.
Петреска потенцира дека се уште на пазарот на труд има дискриминација помеѓу мажите и жените, а жално е што за голем број жени поимот пристојна работа значи само пристојна плата, а не и сите оние други параметри кои треба да ги има. Таа ги охрабрува работничките да пријавуваат вакви случаи и да добијат беспалатна правна поддршка и совет.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар