Македонија
20. February 2020 - 22:13

Еколошка акција на британската амбасада и екологистите во Струмица

Амбасадата на Велика Британија и екологистите од Струмица организираа заедничка еколошка акција.

Целата беше да се испрати порака за важноста од собирањето и селектирањето на отпадот, посебно пластичниот кој претставува еден од  најголемите еколошки проблеми на глобално ниво. 

Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј  порача дека пораката која се испраќа од овој настан е многу важна бидејќи  индивидуалниот напор на секој поединец има огромно значење во справувањето со последиците од климатските промени.

Од еколошкото друштво Планетум велат дека ваквите акции се многу значајни бидејќи преку нив учениците прво ја пренесуваат пораката до нивните врсници, а потоа и до сите во општеството. Од таму ја потенцираа  потребна од поголема едукација бидејќи состојбата во природата покажувала дека граѓаните се уште не ја знаат штетноста од самиот отпад.

Покрај еколошката, денешната акција има и своја хумана димензија. Собраната пластика ќе биде продадена откупните пунктови кои собираат пластичен отпад, а средствата од продажбата донирани на лица со посебни потреби.