Македонија
30. April 2024 - 12:21

Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро

Од авион се гледа загадувањето на Охридското езеро на потегот каде се влева реката Сатеска реагираат од Охрид СОС.Тие преку фотографии на фејзбук направени од авион покажуваат од колкави размери е загадувањето.

„Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот тек во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не реагиираат, за нив ова не е проблем.“ – напишаа од Охрид СОС во објавата на Фејсбук.

Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото реагираат екологистите и сметаат дека локалните самоуправи на Охрид Струга и Поградец треба да се грижат за овој воден ресурс.

Еден од потенцијалните и континуирани загадувачи на Охридското Езеро, години наназад, покрај реката Коселска, реката Велгошка е и реката Сатеска.