Македонија
11. March 2016 - 11:00

Експерти на ОН: ИД се повеќе се шири во Либија

Политичкиот вакуум и тешката ситуација со безбедноста во Либија се користат од Исламска држава кои значително ја прошириле територијата што ја имаат под контрола, нагласуваат експерти од ОН во извештај.

ИД успева да привлече кон себе маргинализирани заедници во градот Сирт што е под нивна контрола, објаснуваат експертите на ОН.

Според нив, групата исто така ги  зголемила можностите за акции во градот Сабрата и во главниот град Триполи каде се врбуваат локални жители.

– Во моментот ИД не добива приходи од нафта во Либија, но нејзините напади врз нафтени постројки сериозно ја влошуваат економската стабилност во државата, се вели во извештајот.

– Либијците се повеќе се жртва на жестоки напади на терористичката група, наведуваат експертите. Тие додаваат дека сите страни во конфликтот се уште добиваат незаконски испораки со оружје и повикуваат ембаргото за оружје да остане во сила.