Кошарка
26. October 2022 - 11:27

ЕЛ: Старт со пораз на Е. Пелистер

Македонскиот претставник во ракометна Европа, Еурофарм Пелистер со пораз од Архус со 30-27 ги започнаа натпреварите во елитното натпреварување. 
Се чини дека се беше решено во првото полувреме кога гостите до Данска направија предност од 16-12 и знаеја да ја сочуваат во вториот дел. 
Домаќинот имаше добри моменти во првите 20-тина минути од средбата но во продолжението  го менуваше ритамот што гостите го користеа да ја одрат предноста и да дојдат до победата. 
Најефикасни кај Пелистер со по  пет гола беа Хосни и Хенеберг, а крилата Кузманоски и Костески постигнаа по четири погодоци. Во гостинскиот тим со 11 гола прв стрелец беше  Вест Ав Тејгум.
Во следното коло Пелистер гостува кај Агуаш Санташ во Португалија.