Електронски поврзани Катастарот и Управата за имотно-правни работи

Управата за имотно-правни работи од денеска од Агенцијата за катастар на недвижности по електронски пат добива копија за катастарски план и уверение за движење на земјиште, со што се забрзува постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.
Електронското поврзување на двете институции стартуваше со одделението на Управата во Општина Центар, а во следниот период и останатите подружници ќе се поврзат со системот.
За двата документа коишто Управата од Катастарот ги обезбедува по службена должност досега беше потребна најмалку една недела, а сега постапката трае неколку минути. Како и претходно, документите се обезбедуваат бесплатно, односно нема никакви трошоци за граѓаните, информираа на прес-конференција директорите на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстаноски.
Електронското поврзување е овозможено по измената на законите за приватизација и закуп на градежно земјиште и за експропријација.
- Значително се скратува постапката за приватизација во делот на комплетирање на предметот со потребните докази бидејќи станува збор за два мошне важни документи без кои не може да се донесе решение за приватизација, рече Крстаноски.
Придобивка од електронското поврзување е и тоа што решенијата за приватизација и за експропријација што ќе ги носи Управата за имотно-правни работи ќе може електронски да се доставуваат и да се спроведуваат во Катастарот. - На тој начин ќе нема потреба граѓаните да одат во Катастарот за да ги спроведуваат овие решенија, туку тоа во нивно име ќе го врши Управата, рече Крстаноски.
Според него, до Управата досега се поднесени околу 300.000 барања за приватизација на земјиште и веќе се работи на заокружување на процесот за да се дојде до фаза да се донесе првостепено решение за сите. Најголем дел од постојните 4.000 предмети за приватизација поднесени во подрачаното одделение на Управата во Општина Центар се индивидуални барања од станари во колективни згради.
- Тоа се случаи каде што секој станар поединечно има поднесено барање во една зграда. Во наредниот период правиме одредена реорганизација во смисла на спојување на тие предмети со што таа бројка значително ќе се намали затоа што со едно решение за колективна зграда ќе се реши сопственоста на земјиштето за поголем број станари, рече Крстаноски.
Трпески информира дека покрај Управата, по неодамнешната измена на околу 20 закони, електронски со Катастарот, се поврзани и Министерството за образование, Центарот за управување со кризи, најголемиот дел од проценителите и стечајните управници.
Во следниот период треба да се поврзат и министерствата за економија, за надворешни работи, Агенцијата за лекови, центрите за социјална работа и други институции... , информира директорот на Катастарот.
Ново на Сител
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
