Loading Video...
Фудбал
21. September 2021 - 11:06

Елмас и Наполи „газат“ во Серија А

Екипата на Наполи за која настапува макеоднскиот репрезентаѕивец Ељиф Елмас продолжува со победите во италијанскат Серија А. 
 
Наполитанците до својата четвртоа победа во исто толкуте одиграни средби во новата сезона стигнаа на гостувањето кај Удинезе и тоа со убеливи 4-0. 
 
Уште во 24-тата минута  Онсимех  го отвори резултатот, а десет минути подоцна  (34) Рахмани зголеми на 2-0. На стартот на вториот дел, Кулибали постигна прекрасен гол за водство од 3-0, додека конечниот резултат Удинезе – Наполи 0-4 го постигна  Хирвинг Лозано на пет минути пред крајот
 
Нашиот репрезентативец Елмас го одигра целиот натпревар, додека Илија Несторовски кој е член на Удинезе сеуште се опоравива од тешката повреда, а мечот го следеше од трибините.
 
Сепак и покрај одличниот старт тренерот на Наполитанците, Лучијано Спалети, смета дека неговиот тим не може да биде сметан за главен фаворит за титулата.
 
„Играме одлично, но сезоната е долга, а она што нам ни недостасува е долгата клупа. Тоа е и разликата во однос на фаворитите за скудетото, не знам колку натпревари ќе издржиме со вакво темпо“, изјави Спалети по победата против Удинезе. 
 
Наполи е единствениот тим во Серија А кој има максимални четири победи, а ќе го продолќи ли тој ефект останува да се види по гостувањет кај Сампдорија во меч од следното коло закажан веќе за во четврток.