Елмас: Победа над Португалија нè дели од исполнување на сонот од детството
Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот.
– Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари до сега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изгинеме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар, изјави Елмас.
Играчот од средниот ред очекува дуелот во Порто да биде поразличен натпревар од пресметката против Италија.
– Искрено очекувам поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално за нијанса поквалитетна од Италија. Би сакал да нè потценат, но мислам дека нема да го направат тоа, бидејќи знаат дека ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од пласман на Светското првенство, додаде Елмас, пред финалето на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник со почеток од 20:45 часот
Ново на Сител
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
