ЕМА: Засилувачка доза за општата популација е следен чекор

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја повтори својата препорака да се даде засилувачка доза од вакцините на Фајзер и Модерна на лица постари од 18 години.
– Повеќето земји-членки на ЕУ почнаа да даваат засилувачки дози прво на ранливите групи, а преминувањето на засилувачка доза за општата популација е веројатно следниот чекор во заштитата на јавното здравје, изјави доктор Марко Кавалери од ЕМА.
Претставници на ЕМА наведуваат дека бустер дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со Фајзер, или шест до осум месеци по втората доза на Модерна.
– Трета доза од вакцината на Модерна земена шест до осум месеци по втората доза доведува до зголемување на бројот на антитела. Студиите не покажаа безбедносни ризици, а антителата добиени од бустер дозата покажуваат подобри резултати во неутрализирање на делта варијантата во споредба со нивото пред да се прими засилувачката доза, вели Кавалери.
Тој додава дека слично мислење било дадено и порано за засилувачката доза на Фајзер и нагласи дека тие мислења го отвориле патот за давање бустер доза на возрасните, вклучително и оние кои се во поголем ризик да добијат Ковид-19.
ЕМА наведува дека во моментов нема особена загриженост кога се користи засилувачка доза покрај веќе познатите несакани ефекти од примарната вакцинација.
– Појавите на миокардитис и перикардитис при бустер дози внимателно се следат и засега нема информации дали нивната појава е со сличен интензитет како при примарната вакцинација, заклучува ЕМА.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
