Македонија
23. May 2020 - 19:49

Емилија Динева замина, но спаси три животи - прва трансплантација на срце во Македонија

Згасна животот на Емилија Динева но нејзиното срце продолжи да чука. Хероината од Дојран и нејзиното семејство спасија три човечки животи. За прв пат во историјата на клиниката за Кардиологија успешно е извршена трансплантација на срце. По 6 часа операцијата заврши со отчукување на највиталниот орган кој му даде втора шанса за живот  на 54 годишен пациент.

Големата загуба семејството Диневи одлучиле да ја претворат во шанса за нов живот. Градоначалникот на Дојран кој е и прв сосед на донорот  веќе размислува како општината ќе се одолжи за овој хуман подвиг на семејството.

Пациентот е во стабилна состојба и е во фаза на опоравување. Неговиот син Васил очекува наскоро да се сретне со својот татко и заедно да се запознаат со хуманото семејство Диневи. За неговиот родител лекарите долго време се грижеле и ова е втор пат како му го спасуваат животот.

Лекарски тим од сите државни но и приватни клиники остана буден во текот на целата ноќ и успешно ја завршија трансплатацијата на срце. Д- р Маја Мојсова национален координтор на тимот изрази голема благодарност до семејството кое и покрај огромната загуба  се согласило да спаси други човечки животи. 

Во тек се и две трансплатации на бубрег од истиот донор. Пациентите кои добија нови органи се избрани од националната листа според медицински утврдени критериуми за совпаѓање кои ги изготви министерството.