Ракомет
20. January 2020 - 20:06

ЕП 2020: Шпанија и Хрватска во полуфинале

Селекциите на Шпанија и Хрватска со победи го визиираа учеството во полуфиналето на ЕП во ракомет што се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.
Хрватите со погодокот на Стипанчиќ во самиот финиш ја совладаа со 23-22 репрезентацијата на Чешка додека Шпанија беше многу поубедлива во дуелот со Белорусија и славеше со 37-28.
Шпанија и Хрватска во директен дуел ќе одлучат за првото место во групата што ќе им го одреди противникот во полуфиналето.