Loading Video...
Спорт плус
20. November 2020 - 19:59

ЕП: Аземи се враќа со бронзен медал од ЕП во Будва

Историски успех на македонскиот боксер Ардијан Аземи кој освои бронзен медал на ЕП во Будва за јуниори.

Аземи денеска се појави во полуфиналниот меч против Рускиот боксер Владислав Комаров во желба да се пласира во големото финале и да се бори за златен медал.

Сепак нашиот боксер против себе имаше незгоден боксер кој беше повисок и знаеше да ги користи подолгите раце.  Во таква ситуација мечот сепак беше повеќе од рамноправен но судиите му ја доделија победата на Русинот.

Ова е голем успех на Аземи кој освои прв медал за Македонија по пауза од цели 25 години кога сегашниот прв човек на боксерската федерација Примислав Димовски се искачи на пиедесталот на континенталното првенство во Турција.

Првенството во Будва  мина со учество на 22 држави со вкупно 175 боксери.

Аземи настапи во категоријата до 91кг и забележа победи против Полјакот Стражевски и Хрватот Гачина.