ЕП Карате: Бронзен медал за Павлов
Емил Павлов го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во Гладалахара – Шпанија, откако во борбата за третото место го совлада Романецот Флорин Гоголоси.
Да потсетиме дека најдобриот спортист на Македонија за 2018 година два пати беше европски шампион, во 2014 година во Тампере – Финска и минатата година во Нови Сад, Србија, а во 2016 година во Монпелје-Франција, освои бронзен медал, ова му е четврти медал од Европските првенства. Со вкупно четири медали – 2 златни и 2 бронзени Павлов е најуспешниот македонски каратист.
Од друга страна, во полуфиналето нашиот ас беше оштетен од судиите во мечот со Русинот Евгени Плахутин. Според снимакта што ја пуштија од нашиот табор, се гледаше дека Павлов во последните моменти понетира со преден маваши гери во главта, тоа значеше чист ипон, односно три поени и победа од 3-2. Тренерот на репрезнетацијата и другите од нашиот тим се фаќаа за глава откако судиите не го досудија овој поен во средбата со Русинот Евгени Плахутин.
Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Рене Адлер (Словачка) 0-1
Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 1-0
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 4-2
Емил Павлов – Евгени Плахутин (Русија) 0-2
За бронза
Емил Павлов – Флорин Гоголоси (Романија) 3-2
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера