-->
-->
ЕП Полска 2016: Мојсовски: Првенството да го завршиме со победа
-->

Европското првенство за македонската репрезентација се блисжи до крајот. Познато е дека останува уште натпреварот со Белорусија што Македонија ќе го игра утре со почеток во 16 часот во Таурон Арена. Во времето на одигрување на натпреварот нашите репрезентативци имаат тренинг, во салата каде вообичаено тренираа пред натпреварите.
Еден од поискусните Наумче Мојсовски за утрешниот натпревар изјави:
- Можеме и мораме да играме максимално. Европското теба да го завршиме со една победа. Ја гледавме Белорусија, тоа е солиден тим, нема да играат Рутенка и Бабичев. Да одиграме квалитетно како синоќа против Норвешка и со утрешната победа ќе завршиме на едно „добро“ 9.место. Подобро е сами да ги завршиме работите, за да не чекаме на други.
Од Краков, Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
