Ердоган со ултиматум до САД: Или Турција или Ѓулен
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им постави ултиматум на САД да изберат меѓу Турција и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар во земјата на 15 јули, објави „Хаберлер“.
- Порано или подоцна Америка ќе мора да избере. Или ќе се реши за пучистичката терористичка организација (на Фетулах Ѓулен) или за демократската држава Турција. Таа е должна да го направи тој избор, изјави Ердоган.
Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, но Вашингтон нагласи дека ќе се согласи на екстрадиција само ако добие недвосмислени докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.
Ѓулен од своја страна отфрла каква и да е негова поврзаност од организаторите на пучот.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови