Македонија
1. March 2020 - 16:34

Ескалира состојбата со мигрантите на турско-грчката граница, Македонија подготвена го чека евентуалниот нов бран бегалци

13 000 мигранти чекаат на грчката граница , а над  70 000 се тргнати од Турција. Европа е во состојба на готовност. Грчкиот премиер Мицотакис свика вонредна седница на советот за национална безбедност. Бугарските власти исто така ги засилуваат мерките на својата граница. Македонските власти велат дека се подгтовени за евентуалниот бегалски бран.

- Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС

Засега најголем е ударот врз Грција каде  миграните насилно се обидоа да велзат на нивна територија. На бугарската граница се уште е мирно, но надлежните стравуваат дека тензиите можат да се прелеат и кај нив.

И додека австрискиот канцелар Курц  апелира да не се повтори мигрантската  криза од 2015 година, а  Брисел повикува на деескалација,  Анкара утринава тргна во нова офанзива во сириската провинција Идлиб.  Ердоган, иако бараше,  не успеа да добие директна помош од НАТО за своите воени планови во Сирија, а  со Путин не успеа да се договори. Во исто време ја префрли топката во Европа, отвараи ги вратите за  3,6 милиони  сириски мигранти