Балкан
8. April 2021 - 19:57

Ескалираа протестите во Црна Гора

Ескалираа протестите во Црна Гора. Премиерот Здравко Кривокапиќ на социјалните мрежи објави видео со кое тврди дека неговата ќерка била нападната од група демонстранти на патот Никшиќ-Подгорица утрово

Денес беше нападнато службеното возило во кое беше нападната мојата ќерка, инаку заштитено лице. Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв.

Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие! Порача црногорскиот премиер.

Инцидентот се случи во пресрет на закажаниот протест пред владата против најавените промени на критериумите за стекнување црногорско државјанство и измените на Законот за престој