Ескобар: Договорот Курти - Вучиќ е обврзувачки независно од потписите
За САД нема дилема дека договорот и анексот за нормализација на односите мегу Србија и Косово кој беше усогласен во Охрид е легално обврзувачки, иако ниедна од страните не стави потпис врз него.
Специјалниот претставник на Стејт департментот Ескобар потенцира дека цел на договорот не е признавањето на Косово, туку нормализација на односите мегу Белград и Приштина, за да не се повторат проблемите како оние со регистрациите и барикадите, ситуации кои можат да прераснат во дестабилизација.
Ескобар се надева дека Курти и Вучиќ ќе го следат примерот Заев и Ципрас кои го потпишаа Преспанскиот договор и ке придонесат кон стабилизација и интеграција на регионот во европското семејство.
САД очекуваат дека Косово и Србија целосно ке се посветат на договореното во Охрид, и дека во иднина ке има уште вакви средби под силна заложба на европските челници за интеграција на двете страни во ЕУ.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар