ЕУ без конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини на Западен Балкан
Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, не беше во можност да каже кога Македонија и другите земји во регионот ќе ги добијат вакцините против Ковид-19 ветени од ЕУ.
Шефчович повтори дека Европската Комисија и земјите членки го “поддржуваат“ и “стојат во солидарност“ со Западниот Балкан, како и со другите земји од источното и јужното соседство на ЕУ, во борбата против вирусот.
Потпретседателот меѓутоа не беше во можност да одговори јасно на прашањето на МИА кога Македонија ќе ги добие вакцините, ниту зошто не се пристигнати ветените дози од Грција и Бугарија.
Денеска министрите за европски прашања одржаа состанок во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ кој е закажан за 21 јануари, и разговараа, меѓу другото за кампањата на вакцинација во ЕУ.
Самата ЕУ се соочува со внатрешни тензии поради неефикасна координација помеѓу земјите членки во набавката на вакцините.
Шефчович истакна дека ЕУ е “главен донатор“ на коалиција Ковакс, која има за цел да им помогне на земјите со пониски приходи да добијат вакцини за своето население.
-ЕУ ќе стори сѐ за Ковакс да донесе резултати, изјави Шефчович.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен