ЕУ до 2030. планира за 40 отсто да ја намали емисијата на штетни гасови

Министрите за животна средина на земјите од Европската унија денеска постигнаа договор до 2030 година ЕУ да ја намали емисијата на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, за 40 проценти во однос на нивото од 1990 година.
Долгорочни цели се ЕУ до 2050 година да ја намали емисијата за 50 отсто во однос на 1990 година, а во 2100 година да ги сведе на нула.
- Имаме долгорочен мандат, силен мандат, кој носи голема одговорност, изјави Карол Дишбург, министерка за животна средина на Луксембург, актуелниот претседавач на Унијата.
ЕУ си ги постави овие амбициозни цели, имајќи ја предвид претстојната меѓународна конференција за климата, која треба да се одржи во декември во Париз. Конференцијата има за задача да постигне глобална спогодба за борба против глобалното затоплување.
Еврокомесарот за енергетика и климатски промени Мигел Ариас Канете изрази денеска задоволство дека Унијата има силна причина да инсистира за амбициозна спогодба во Париз.
Секоја земја-членка на Унијата е повикана пред Париската средба да соопшти каков ќе биде нејзиниот придонес во намалувањето на емисијата на штетните гасови.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
