ЕУ ги намалува парите за развој на сиромашните региони

Земјите-членки на Европска унија денеска постигнаа договор да ги намалат средствата за сиромашните региони, првенствено во Источна Европа, во буџетот за следната година.
Во исто време се договорија да ги зголемат расходите за управување со бегалските кризи и за стимулирање на економскиот раст.
- Предлогот на Европска комијсија за зголемување на парите за справување со мигрантската криза во буџетот на ЕУ за 2017 година беше поддржан од сите европски влади. Тоа ќе доведе до зголемување до приближно 25 проценти на средствата за миграцијата и за безбедноста во споредба со тековната година, соопшти Советот на ЕУ.
Буџетот за миграцијата во 2017 година ќе достигне до 5,2 милијарди евра, а средствата ќе бидат наменети за зајакнување на внатрешните граници, за распределба на кандидатите за азил и за интеграција на мигрантите. Уште 2,2 милијарди евда ќе бидат наменети за акции надвор од ЕУ односно за борба со причините за мигрантските бранови.
Европските влади изгласаа и зголемување за девет проценти односно до 19 милијарди евра за финансирање на европските проекти за стимулирање на економскиот раст и создавање на работи места
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
