ЕУ повика на засилена безбедносна соработка пред Европското првенство во фудбал
Земјите членки на ЕУ попладнево усвоија заклучоци во врска со безбедноста во пресрет на претстојното Европско првенство во фудбал, меѓу другото преку засилена употреба на вештачката интелигенција, јави дописничката на МИА од Брисел.
Заклучоците на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ за насилството во спортот бараат од организаторите на спортските настани, кои ќе се одржат симултано во единаесет европски градови, и од земјите членки каде ќе се одвиваат, да стават акцент на полициска соработка и размена на информации за да се „зајакне безбедноста“.
Навивачите треба да бидат од блиску набљудувани, смета Советот на ЕУ, за да се избегнат нереди и криминална активност, а се охрабрува и распоредување на специјални полициски единици задолжени за мониторинг дури и за натпреварите кои се одвиваат без публика.
– Советот ја нагласува потребата да се заштитат јавните простори и приватните простори отворени за јавноста, меѓу другото преку (…) употреба на системи за набљудување и детекција кои инкорпорираат вештачка интелигенција, истовремено почитувајќи ги фундаменталните права, стои во заклучоците на министрите попладнево.
Министрите бараат исто така да се врши мониторинг на интернет содржините додека се одвива првенството за да се „спречат и ублажат“ пораките кои поттикнуваат насилство, екстремизам, радикализација и ксенофобија.
– Советот ја нагласува потребата за земјите членки да ја зголемат проценката на ризикот за ризичните навивачи, посебно тие со екстремистички идеологии, повикаа министрите за правда и внатрешни на ЕУ.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
