ЕУ усвои план за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година

Лидерите на земјите членки на ЕУ попладнево усвоија план за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година. Собрани во замокот во Версај, Франција, шефовите на држави и влади потпишаа Декларација со која се потврдува договорот за што поскоро ставање крај на зависноста од увоз на руски гас, нафта и јаглен.
На заедничката прес конференција по завршувањето на Самитот, претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на француската држава Емануел Макрон, соопштија дека ова се само дел од мерките за кои европските лидери се согласиле во врска со справувањето со последиците од војната во Украина.
Најавени се и промени во одбранбената способност на ЕУ. До средината на мај ќе биде претставена новата европска одбранбена стратегија, преку која ЕУ ќе ги зајакне своите одбранбени сектори.
Покрај ова, договорен е и четврт пакет санкции за кои Европската унија вели дека дополнително ќе ја изолираат Русија.
Нови санкции најави и американскиот претседател Џо Бајден. Групата седум најразвиени земји со нив ќе опфати поголем број руски олигарси и нивните семејства. Бајден додаде дека дополнително се забранува и увозот на морски плодови, вотки и дијаманти од Русија и извозот на луксузна роба во Русија.
Додаде дека САД ќе и го укина на Русија статусот „трајни нормални трговски односи“, а тоа значи воведување на царини на широка палета на руска стока.
Ново на Сител
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
-

Нетанјаху изрази оптимизам во врска со потенцијалниот договор меѓу САД и Иран
-

Суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун на 30 години затвор
-

Облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
