Loading Video...
Кошарка
13. February 2020 - 14:15

Еурофарм Пелистер победи, но Нексе ќе игра против Вардар во 1/4-финалето на СЕХА лигата

Иако битолскиот тим забележа победа во реванш осминафиналниот меч против Нексе со 24-22 сепак тоа не беше доволно да се анулира негативата од три гола (20-23) по првиот меч, па хрватскиот тим ќе биде противник на Вардар во четвртфиналето на СЕХА лигата.

„Честитки на екипата на Нексе, пласманот им е заслужен. Денес ништо не загубивме, туку само видовме што треба да поправиме за остатокот од сезоната во плеј-офот и Купот на Македонија.  Навистина сум горд што денес ги водев овие момци, а од срце им се заблагодарувам на навивачите кои ни приредија одлична атмосфера. Пред нас има уште многу работа, и се надеваме на подобри резултати во иднина“, рече Бабиќ. 

Така наместо македонско дерби во четвртфиналето на СЕХА лигата актуелен шампион Вардар ќе игра против Нексе.

Првиот натпревар ќе се игра во Нашице на 7 или 8 март, а реваншот во Скопје е седум дена подоцна.