Loading Video...
Ракомет
13. March 2023 - 18:13

Еурофарм Пелистер подготвен за дуелот со Нексе

По репрезентативната пауза, нови обврски за ракометарите на Еурофарм Пелистер и тоа веќе утре во СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер утре го одигра последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА конкуренција.

Пелистерци за противник ќе ја имаат хрватската екипа Нексе Нашице, од која на гостувањето загубија со 29-25.

Новиот тренер Александар Јовиќ очекува овој меч да биде нов почеток и дека од оваа средба на секој нареден Пелистер ќе оди само на победа.

Искуснотo крило Гоце Ојлески се враќа на терените и тоа кога е нај потребно за екипата на Еурофарм Пелистер. 

Натпреварот, Еурофарм Пелистер – Нексе ќе се игра утре со почеток од 18 часот.