Loading Video...
Ракомет
16. November 2019 - 17:40

Еурофарм Р. против Савенхоф ќе атакува на втората победа во ЛШ + Никола Митревски

Својот натпревар од 8.коло во Лигата на шампионите, утре ќе го играат и ракометарите на Еурофарм Работник.
 
 Битолската екипа го пречекува шведскиот тим Савенхов во меч од Ц групата. 
 
Иако Савенхов е во трка за едно од двете места во групата кои носат пласман во понатамошната фаза, сепак во таборот на Еурофарм веруваат дека против шведскиот тим може да стигнат до втората победа во Лигата на шампионите
 
Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Иако имаме проблеми со повредени ракометари, сепак, нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика“. Вели голманот Никола Митревски.
 
Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Савенхов што ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ ќе започне од 17 часот.