-->
-->
Еве како и зошто Фахрета Јахиќ станала Лепа Брена
-->

Познато е дека вистинското име на Лепа Брена е Фахрета Јахиќ, а она што малкумина го знаат е тоа како Брена го добила прекарот.
Пејачката откри дека прекарот Брена го добила уште во средно училиште во 1975. година на кошаркарски терен.
- Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На кошеркарскиот терен го добив и мојот денешен прекар Брена. Прекарот ми го даде мојот тогашен кошаркарски тренер, Влада Бајер. Додека шутирав на кошот, тој ми довикна: „Ајде сега, Брено!“ Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Отсекогаш сакав да се истакнувам, да се изборам за своето место под сонцето. Бев како шило! Затоа и се најдов под кошот, со топката во раце. Тука дојде и мојата смисла за реалноста. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша дали имам некој прекар, се сетив на таа случка, и така станав Брена. За време на гимназиските денови почнав да пеам по игранки. Конечно сфатив дека сцената е мојот терен, раскажа пејачката.
Милован Илиќ Минимакс се погрижил на брена во 1981. да и биде додадено Лепа, со тоа што веројатно не знаел дека направил уметничко име чие буквално значење било „ Убава убава девојка“.
- Ако на почетокот на својата кариера знаев дека ќе достигнам волкава популарност, ќе учествував во осмислувањето на својот прекар, изјави Брена неодамна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
