Македонија
4. November 2015 - 14:56

Еве од што починале пронајдените мртви Битолчани

СВР Битола денеска соопшти дека мажот и жената кои беа пронајдени мртви во битолскиот мотел „Пржо“, починале од интоксикација со наркотични средства.

Кај двете лица К.И. (33 г.) и Ѓ.И. (27 г.) и двајцата од Битола, не се пронајдени никакви траги и повреди кои би укажувале за делување на надворешна сила врз телата на починатите на било кој дел од телото, ијзјави портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова.

- Првичните резултатите во координација со доктор од Судска медицина и  Јавно обвинителство од завршената обдукција укажуваат дека причина за настанување на смртта кај двете лица е интоксикција со наркотични средства. Наодот го потврдува и пронајдениот материјален доказ од самото место, шприцеви со игли и две боци од метадон, беше соопштено на денешната прес-конференција во СВР-Битола.мт/14:00