Кошарка
17. March 2020 - 16:39

Евролигашките екипи не сакаат да ги плаќаат играчите поради „Ковид19“

Прекинот на натпреварите во Евролигата, ги принуди раководствата на екипите на непопуларна мерка, односно прекин на договорите со играчите, а можно е кратење на платите во НБА доколку не продолжи лигата
 
Раководствата на клубовите писмено ја информираа Евролига, дека нема да ги плаќаат играчите за време на прекинот на натпреварувањето поради пандемијата на „Корона“ вирусот.
 
„Не можеме да имаме загуби од влезници, од спонзорства и од други приходи, а да ги исплатиме договорите без намалувања. Разбираме дека тоа не им оди во прилог на кошаркарите и Евролигата, но навистина мораме да бидеме одговорни и да се жртвуваме. Решивме да ги ставиме сите договори на играчите и на тренерите во мирување. Ова значи дека ја запираме исплатата додека не се реши ситуацијата на Лигата“ се вели во соопштението од клубовите.
 
Постои и варијанта доколку сезоната продолжи, играчите да потпишат нови краткорочни договори. Но, во спротивно клубовите ќе завршат со исплата заклучно со 15 март. 
 
Први кои презедоа конкретна мерка беа литванскиот Жалгирис кој ги ослободи од обврските сите свои кошаркари, додека  атински Олимпијакос на своите странци им дозволи да ја напуштат Грција