Loading Video...
Свет
28. November 2022 - 19:59

Европол: Падна суперкартел кој е одговорен за една третина од кокаинот во Европа

Разбиен е суперкартел од Обединетите Арапски Емирати кој е одговорен за една третина од кокаинот во Европа соопшти Европол.  Во операцијата наречена Пустинска светлина  упасени се 49 дилери на дрога  во координирана полициска акција низ Европа и ОАЕ и запленети се над 30 тони дрога од 8 до 19 ноември.

Европол соопшти дека акцијата била планирана две години  и во неа  учестуваа Шпанија,Франција. Белгија, Холандија , Обединетите Арапски Емирати и САД. 14 лица се уапсени во Холандија, тринаесет во Шпанија, десет во Белгија, шест во Франција и исто толку во Дубаи, меѓу кои и Холаѓанец со пасош од Босна и Херцеговина.

Полицијата во Шангај ги запира луѓето на улица и  проверува дали на нивните мобилни телефони има фотографии од вчерашните протести против строгите ковид ограничувања.

Доколку одбијат да ги избришат, полицијата ги аспи објави БИ БИ СИ. Британскиот јавен сервис сподели  и дека кинеската полицијата вчера привела  и претепела  еден од нивните новинари кој известувал од протестите во Шангај и дека тој бил ослободен неколку часа подоцна.

Се огласи и министертвото за надворешни работи на Кина , посочувајки дека новинарот при апсењето не се претставил како вработен во БИБИСИ. Не е познато колку демонстранти се приведени синока, откако  полицијата употреби солзавец  против демонстрантите во Шангај и се мачеше да ги скроти проетстите во другите градови, вклучувајки го Пекинг.  Освен укинување на ковид мерките и вракање на нормалниот живот, демонстрантите бараа и оставка  од претседателот Кси Џинпинг.

Протестите започнаа во градот Урумчи откако десет луѓе загинаа во пожар во високатница која била заклучена поради ковид мерките, а денеска  тамошните градски власти најавија дека ќе ублажат  дел од мерките.

Американската геолошка агенција  соопшти дека се активирал најголемиот активен вулкан  во светот Мауна Лоа на Хаваи. Ерупцијата почнала синоќа а агенцијата ги предупреди луѓето во околните населби  да бидат подготвени за можна  евакуација. Последната ерупција на  Мауна Лоа е забележана пред 38 години.