Македонија
18. May 2022 - 21:16

Европратениците со силна поддршка за старт на преговорите со Македонија

Европскиот Парламент испрати силни сигнали со поддршка за Македонија до крајот на јуни да започне со преговорите и да стане дел од европското семејство. Според европратениците нашата земја ги исполнила сите услови за влез во ЕУ и повикаа да нема повеќе одолговлекувања за европскиот пат на Македонија и во најбрз можен рок да се реши спорот со Бугарија. Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук доби поддршка од Парламентот со која се бара Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања.

И бугарските европратеници со свој став за членството на Македонија во Унијата, но најгласен европратеникот Џамбазки, според него, Македонија уште утре може да биде дел од Унијата, но откако ќе го промени Уставот и ќе се забрани говорот на омраза кој се користи.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи претходно кажа дека нацрт резолуцијата на Европскиот парламент за извештајот нема директно да влијае врз бугарското вето.Извештајот и амандманите ќе се усвојуваат утре попладне во Брисел.