Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир
Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што покажа дека лекот не е ефикасен во лекување на Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија.
Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО и податоците од други студии за лекови против Ковид-19 за да утврди дали се потребни промени во начинот на употреба на овие лекови.
Тој не коментираше дали ЕУ била запознаена со резултатите од истражувањето на СЗО пред да склучи договор со „Гилеад“ минатата недела за набавка на лекот.
Тој, исто така, не одговори на прашањето дали може да се преговара за цената што е договорена со американскиот производител.
Договорот е потпишан за шестмесечна набавка на лекот и е во вредност од една милијарда евра.
Лекот се очекува да биде испорачан за 500.000 циклуси на терапија по цена од 2.070 евра по циклус, што според производителот е стандардна цена за богатите земји. Лекот се дава на пациенти во шест дози во рок од пет дена.
Договорот беше потпишан во име на 27. земји-членки и 10 земји-партнери. Договорот не ги обврзува да купуваат, но договорената цена е обврзувачка.
Светската здравствена организација објави во петокот дека ремдесивир и три други лекови – хидроксихлорокин, лопинавир / ритонавир и производи од интерферон – дале малку или никакви резултати во третманот на пациенти со Ковид-19.
„Гилеад“ смета дека податоците не се детално анализирани и затоа не може да се донесе објективен заклучок за лекот.
Од копмпанијата за „Ројтерс“ изјавиле дека на крајот на септември добила редактиран документ од СЗО кој содржи различни информации од последниот документ објавен во петокот.
Компанијата не коментира дали цената на лекот за богатите земји може да се промени по истражувањето на СЗО и ги доведува во прашање неговите резултати.
Од таму сметаат дека податоците не се детално анализирани и поради тоа не може да се донесе објективен заклучок за ефективноста на ремдесивирот.
Употребата на ремдесивир беше одобрена од Управата за храна и лекови на САД на 1 мај, а лекот оттогаш доби регулаторно одобрување во неколку други земји.
„ЕУ треба да ги преиспита цените што ќе се плаќаат за ремдесивир. Зошто да плати милијарда евра за лек што нема никакво влијание врз лекувањето?“, рече Ендру Хил, научник на Одделот за фармакологија на Универзитетот во Ливерпул.
Тој истакна дека генеричките верзии на лекот произведен во Индија се продаваат по цена од 200 евра по циклус.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф