Loading Video...
Свет
25. January 2021 - 16:36

Европската комисија бара уште построги мерки на внатрешните и надворешни граници на ЕУ

Поради состојбата во Европа со новиот сој на вирусот принудени сме да донесе тешки, но неопходни мерки. Повикуваме сите патувања кои не се неопходни веднаш да бидат одложени. Новите мерки ги усогласуваме со членките, само така ќе успееме.

Ова е последниот повик на шефицата на ЕК да не се патува освен во најнудни случаи, пред да бидат воведени рестриктивните мерки на надворешната и внатрешна граница на Унијата.

Ова ќе значи задолжително тестирање за сите патници кои влегуваат во Унијата, а самоизолација, карантин и следење контакти во последните  14 дена, доколку лицето  доаѓа од ризично подрачје каде е детектиран мутираниот вирус. Доколку Советот ги прифати препораките на Комисијата, повторно ќе се ревидира листата на земји од кои ке може да се патува во земјите на ЕУ. 

Во Унијата се загрижени и поради бавната достава на вакцините од произведувачите, што дополнително ја усложува ситуацијата. Во меѓувреме иако ЕУ го одби предлогот на Грција за вакцинален пасош некои земји како Романија и Кипар ги отворија границите за патниците кои носат ваков документ, Додека пак Унгарија за лица кои имаат документ дека ја прележале болеста.