Европски ден на логопедијата - аугментативна и алтернативна комуникација

Одбележувањето на Европскиот ден на логопедите ни овозможува да покажеме дека логопедите низ цела Европа имаат заедничка цел и дека работиме заедно за да направиме динамично влијание врз промовирањето на здравјето и благосостојбата кај децата и возрасните со нарушувања на комуникација, истакна Силвана Филиповска, директорката на скопскиот Завод за рехабилитација на слух, говор и глас.
Таа ја даде изјавата на денешната прва конференција по повод европскиот ден на логопедијата на тема „аугментативна и алтернативна комуникација“, нагласувајќи дека во последните неколку години бројот на деца со нарушувања во говорно-јазичниот развој драстично се зголемува, па така според последните истражувања околу 60 отсто од децата спаѓаат во таа категорија.
- Оттука јасно е дека потребата за логопеди се зголемува, а со тоа се зголемува и важноста на оваа професија, вели Филиповска, посочувајќи дека денес во Заводот, за жал, постојат само две одделенија, одделение за логопедија и одделение за сурдологија и во него има вработено 42 лица, кои ниту од далеку не ја задоволуваат потребата на пациентите.
Директорката на Заводот наведе дека логопедите во Македонија имаат потреба од формирање на силно здружение кое ќе биде дел од Европската асоцијација на логопеди, квалитетно образование на ниво на академски студии, поголемо вклучување на логопедите во сите нивоа на здравствена заштита, покренување на нивото и квалитетот со воведување на мултидисциплинарен пристап во третманот на патологијата во вербалната комуникација, како и воведување на стандардизирани норми и примена на сите релативни методи за работа.
Денешниот ден – 6 март Европската асоцијација на логопеди го означила како Ден на говорно-јазичната терапија, односно како Ден на логопедите, со цел покренување на свеста за логопедската професија, како и за покренување на јавната свест за нарушувањата во комуникацијата, нивниот ефект врз човековото здравје, правата на пациентите со нарушувања во комуникацијата и начините како да им се помогне.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
