Европски функционер вели дека се очекува Вучиќ и Курти да го прифатат европскиот предлог
Раководствата на Србија и Косово се очекува да го прифатат европскиот предлог за сеопфатно решавање на нивните меѓусебни односи, вклучително и спроведувањето на договорот за Заедницата на српски општини, изјави висок функционер на ЕУ задолжен за подготовките за новата рунда дијалог в понеделник во Брисел, јави Бета.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти нема да разговараат за содржината на предлогот на средбата со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и посредникот на ЕУ Мирослав Лајчак, туку ќе разговараат за спроведувањето на „европскиот, германско-францускиот предлог“, изјави за новинарите во Брисел европскиот претставник.
Содржината на предлогот е одредена во анексот, а ЕУ во рок од неколку месеци би ја контролирала неговата примена преку механизмот за мониторинг, а целта е да се постигне „сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите“ меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека станува збор за основен, прилично сеопфатен договор кој во многу аспекти има елементи на „севкупен правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу двете страни“.
Новинарите не добија јасен одговор од овој функционер дали ЕУ смета дека конечниот договор за регулирање на односите меѓу Белград и Приштина, во кој треба да биде инкорпорирана и ЗСО, ќе биде и некакво признавање на автономијата и независноста на Косово од Белград, наведува Бета.
Високиот претставник на ЕУ нагласи дека имплементацијата на европскиот предлог ќе значи и нови западни проекти и инвестиции, значително ќе ја зголеми финансиската помош и ќе доведе до поголема безбедност и предвидливост, кога се во прашање Србија и Косово, како и регионот.
Тоа би значело, заклучи претставникот на ЕУ, прекин на секаква ескалација и насилство во Косово и меѓу двете страни, и вртење кон стабилноста и нивната европска перспектива.
Ново на Сител
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
