-->
-->
Евростат: Речиси сите основци во Македонија учат англиски
-->

Дури 98,2 проценти од сите ученици во основно одделение во Македонија учеле барем еден странски јазик, при што стопроцентно тоа бил англискиот јазик, додека 1,8 отсто од нив изучувале два странски јазици. При тоа германскиот е втор најизучуван странски јазик со 1,7 проценти во основните училишта во државата.
Ова го посочуваат податоците од Европската канцеларија за статистика (Евростат) за учење на јазици во училиштата, објавени по повод Европскиот ден на јазиците, кој се одбележува секоја година на 26 септември, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во пониските одделенија на средните училишта во Македонија, пак, според Европската канцеларија за статистика, 99,9 проценти од македонските ученици го изучуваат англискиот јазик, по што следуваат францускиот, германскиот, италијанскиот и рускиот јазик.
Инаку, Евростат објави дека околу 17,7 милиони ученици од основно училиште (или 81,7 проценти од сите ученици на ова ниво) во Европската унија (ЕУ) се школувале на најмалку еден странски јазик во 2013 година, вклучувајќи и еден милиони ученици (или 4,6 отсто) кои учеле два или повеќе странски јазици. На основно ниво, англискиот јазик е далеку најпопуларниот јазик и него во рамки на Унијата го проучуваат 16,7 милиони ученици.
Доминацијата на англискиот јазик е потврдена во основното образование (ученици на возраст од околу 11-15, во зависност од националниот образовен систем) со 17,1 милиони ученици во ЕУ што го изучуваат англискиот јазик како странски јазик, а тоа се 95,6 отсто од сите ученици на ова ниво во 2013 година. Францускиот јазик го изучуваат 4,9 милиони ученици или 27,4 отсто од основците и тој го зазеде второто место, по што следи германскиот јазик (2,9 милиони ученици или 16,3 проценти), па шпански (2,1 милиони основци или 11,6%), руски (500 илјади ученици или 2,7%) и италијански (200 илјади ученици или 1,0%) .
Во моментов, според Евростат постојат 24 официјални јазици признати во рамки на Европската унија, а покрај тоа, оваа канцеларија соопштува дека постојат и регионални јазици, малцински јазици и јазици на кои говорат мигрантските популации. Исто така, Евростат наведува дека неколку земји-членки на ЕУ имаат повеќе од еден официјален јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
