Еврото е на најниско ниво во последните 20 години, се зголемува стравот од рецесија

Азиските акции денеска паднаа шеста сесија по ред, по новиот скок на цените на енергенсите во Европа. Скокот на цените ги поттикна стравувањата од рецесија и ги зголеми приносите на обврзниците, додека европската валута – еврото падна на најниско ниво во последните 20 години.
Референтните цени на гасот во Европската Унија се зголемија за 13 отсто во текот на ноќта на рекордно високо ниво, откако се удвоија за само еден месец и стасаа 14 пати повеќе од просекот во изминатата деценија.
Аналитичарите на американската банка Сити вчера предупредија дека инфлацијата во Обединетото Кралство би можела да надмине 18 отсто доколку не се ограничат цените на енергијата, што е за девет пати повеќе од целта на Банката на Англија. Инфлацијата на потрошувачките цени последен пат достигна такво ниво во 1976 година.
Аналитичарите сметаат дека „тешката енергетска ситуација“ сугерира дека врвот на инфлацијата сè уште не е достигнат, со голема можност инфлацијата да остане висока уште некое време доколку не дојде до реакција од централните банки.
Еврото вчера го достигна најниското ниво во однос на доларот во последните дваесет години и падна под нивото на паритет. Едно евро чинеше 0,9937 долари. Најавеното затворање заради одржување на гасоводот Северен тек 1 од 31 август до 2 септември дополнително ги зголеми стравувањата од недостиг и доведе до енормно зголемување на цената на гасот во Европа.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
