Македонија
4. February 2017 - 19:47

Евзони затворен за сообраќај, на Дојран задржувања од најмалку еден час

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Отворени за сообраќај се премините Дојран и Меџитлија. 

Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Дојран поради зголемена фреквенција има задржувања од најмалку еден час. На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа  влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.