Ф-1: Ферари со одлични перфоманси во Каталонија

Се подобри резултати на болидите на Ферари со што се потврдуваат гласините дека оваа екипа ќе има многу позначајна улога во следното првенство од шампионатот во Ф-1. Денеска на претпоследниот ден од тестирањето во Каталонија , Себастијан Фетел возеше најбрз круг со време од 1:19.024 на „ултра-меки“ гуми и тоа е најбрзиот круг на досегашното тестирање, за три десетинки подобро од времето на Валтери Ботас во Мерцедес поставен во средата.
Времето на Германецот остана најдобро и по попладневната сесија, кога сите се фокусираа на симулации на трки - и тој на крајот заврши со најмногу кругови, дури 156.
Утринското време беше доволно да се заддржи Луис Хамилтон на второто место за Мерцедес пред Естебан Окон (Форс Индија) и Данил Квјат (Торо Росо).
БАРСЕЛОНА - 7.ДЕН
1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:19.024, 156 кругови
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.352, 52 круга
3.Естебан Окон (Форс Индија) 1:20.161, 137 круга
4.Данил Квјат (Торо Росо) 1:20.416, 94 круга
5.Кевин Магнусен (Хас) 1:20.504, 119 круга
6.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:20.824, 128 круга
7.Штофел Фандорне (Мекларен) 1:21.348, 48 круга
8.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:21.819, 95 круга
9.Паскал Верлајн (Заубер) 1:22.347, 44 круга
10.Џолион Палмер (Рено) 1:22.418, 53 круга
11.Маркус Ериксон (Заубер) 1:23.330, 88 круга
12.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:24.443, 80 круга
13.Ленс Строл (Вилијамс) 1:24.863, 85 круга
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
