ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи.
Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат на која било земја што ќе се обиде да се меша во изборите.
Ретклиф прецизира дека целта на иранските „лажни електронски пораки“, кои наводно ги испраќала крајно десничарската група на приврзаници на Доналд Трамп, „Горди момчиња“, е да предизвикаат немири и да му наштетат на сегашниот претседател, пренесува Би-Би-Си.
Тој додаде дека податоците може да се искористат за да се пренесе погрешна порака до регистрираните гласачи, што испраќачите се надеваат дека ќе предизвикаат конфузија и хаос и ќе ја нарушат довербата во американската демократија.
Ретклиф рече дека не биле забележани слични активности од Русија, но дека тие биле свесни дека и Москва имала информации за гласачите.
– Ова се очајни потези на очајни непријатели, рече Ретклиф.
Како што пренесуваат странските агенции, невообичаената прес-конференција на разузнавачките служби се одржа на помалку од две недели пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни држави добија заканувачки мејлови, за кои лажно се тврди дека доаѓаат од „Гордите момци“, во кои се предупредува дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп.
Се верува дека во оваа операција биле користени е-маил адреси од регистарот на гласачи, кои вклучуваат определеност, домашна и е-маил адреса и телефонски број.
Испраќачите тврдат дека ќе знаат за кој кандидат гласал примателот на изборите на 3 ноември, за кои веќе почна гласањето по пошта.
Би-Би-Си оценува дека одржувањето на прес-конференцијата е доказ дека Владата е загрижена поради мешањето и кампањите за ширење дезинформации од странски земји на претстојните избори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
