ФДА ќе препорача одобрување на вакцината на Џонсон енд Џонсон
Панел експертски советници од американската Управа за храна и лекови (ФДА) се очекува денеска да препорача одобрување на еднократната вакцина против Ковид-19 од производителот Џонсон енд Џонсон, отворајќи го патот за милиони дополнителни дози за целата земја од следната недела.
По добивањето на препораката, ФДА веројатно ќе ја одобри вакцината за итна употреба во рок од еден ден, што ќе ја направи трета достапна вакцина во САД и единствена за која е потребна само една доза. Панелот ќе разгледа дали придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците за употреба кај луѓе на возраст од 18 и повеќе години.
Во студија спроведена на 44 000 лица, вакцината била 66 проценти ефикасна во спречување на умерени случаи на Ковид-19 во споредба со плацебо. Вакцината била 100 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација 28 дена по вакцинирањето и немаше смртни случаи од Ковид-19 меѓу оние кои ја примија.
Оваа вакцина може да се чува на нормални температури во фрижидер, што ја олеснува дистрибуцијата.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие