Федерер донираше за Украина

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер донираше 500.000 долари за помош на украинските деца кои не можат да го продолжат образовниот процес во училиштата поради војната во таа земја.
„Моето семејство и јас сме згрозени кога гледаме слики од она што се случува во Украина. Многу ни е жал за невините луѓе погодени од војната. Го поддржуваме мирот“, напиша Федерер во пораката на Твитер.
Нагласувајќи дека во моментов околу шест милиони украински деца не одат на училиште, Федерер истакна дека обезбедувањето пристап до образование во ваков критичен момент е од клучно значење и рече дека тој и неговото семејство сакаат да ги поддржат тие деца.
Искусниот тенисер и поранешен прв тениски рекет Федерер изјави дека преку фондацијата Роџер Федерер донирале 500.000 долари на невладината организација „War Child Holland“ за да можат украинските деца да го продолжат своето образование.
Ново на Сител
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
