Џет-Сет
23. May 2016 - 9:40

Феноменален до крајот: Еве кому Даниел ќе ја подари наградата

Со синоќешната емисија официјално заврши третата сезона од спектакуларното шоу „Твоето лице звучи познато“ по неполни три месеци емитување на ТВ Сител.Во изминатите 12 епизоди 10-те натпреварувачи ги покажаа своите пејачки и актерски способности, а македонскиот претставник Даниел Кајмакоски, уште еднаш покажа дека е најдобар и ја освои главната награда од 25.000 евра која ќе ја донира во хуманитарни цели.

Foto: Aleksandar Krstović/TV Prva

-Ви благодарам на сите. Голема чест ми е што учестував. Им благодарам на мајка ми и татко ми. Размислував кому да ја проследам наградата во случај да победам. Ми беше тешко да одлучам. Не бев за некоја институција, го послушав срцето, рече Даниел.

Foto: Aleksandar Krstović/TV Prva

-Мислам дека е најпотребно парите да ги дадам на самохрана мајка на две деца од Куманово, ќерка и син кои се болни од иста болест и за операции им се потребни 100.000 евра. Јас давам четвртина, а кој може да помогне нека ми се јави. Подготвен сум да направам се да се соберат тие пари, изјави победникот Даниел Кајмакоски.  

Foto: Aleksandar Krstović/TV Prva

Тој синоќа победата во ТЛЗП ја однесе со изведбата на песната „Heroes“ од минатогодишниот евровизиски победник Манс Зимерлов.

Foto: Aleksandar Krstović/TV Prva

 

Погледнете го настапот на Даниел: